Волк нападна кампери

Во Националниот парк Банф, Канада, волк ги нападнал камперите и се обидел да одвлече еден човек, соопштија од „Паркови на Канада“.

Тие наведуваат дека нападот се случил на 9 август во камп северно од езерото Луис во Алберта и забележуваат дека ваквите напади на волци се ретки.

Експертот за диви животни од „Паркови на Канада“, Џон Стјуарт Смит, изјави дека мажот кој кампувал со сопругата и двете деца се обидел да го исплаши волкот со кревање врева, но волкот го каснал низ шаторот, јави АП синоќа.

Тој додава дека волкот цело време го касал човекот, го скинал шаторот и почнал да го одвлекува.

Друг кампер ја слушнал вревата, истрчал и го удрил волкот, кој потоа побегнал.

Нападнатиот маж се здобил со повреди на раката и бил пренесен во болница.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.