Жителите на Трнодол Жданец и Козле револтирани од новиот ДУП Општина Карпош

Жителите на Трнодол  Жданец и Козле револтирани од новиот предлог на деталниот урбанистички план на Општина Карпош. Велат дека со него се предвидува да се затвори главниот и единствен влез во населбата Трнодол, за да може на тоа место да се зацрта маркица за изградба на нова зграда. Се предвидува да се гради и мост и тоа преку заштитниот канал кој треба да ги поврзе Жданец и Трнодол, со кој според жителите би се загрозила безбедноста на граѓаните.

Велат дека просторот помеѓу патот  за Трнодол  Жданец  кој е предвидено да се затвори, им е неопходен затоа што зимно време тука ги паркираат возилата додека да се исчисти снегот. Уште еден  проблем на кој се жалат е и тоа што со новиот ДУП се дозволува и изградба на посивоки градби кои ридот нема да може да ги издржи.

Посочуваат дека за сите проблеми и планови кои ги носи Општината треба да се разговара со жителите.

Градоначалникот пак на Општина Карпош Богоев пак тврди дека патото за Трнодол нема да биде затворен, зграда нема да се гради туку парк како што им било ветено на граѓаните.

Жителите од овие населени места  сметата дека надлежните треба да почнат да размислуваат како ќе го реат проблемот со слабиот притисок на водата и со одводната канализација која не е сменета од 1964 година кога имало само 120 куќи, а сега има над 250. 

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.