Културо лето на Три круши во Драчево

Утре, 17.08.2019 год, на Три круши во селото Драчево, започнува културното лето на Општина Кисела Вода.

Се до 31 август, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на бројни популарни изведувачи како Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени Шаќири, КУД Китка, Анастасија Петреска, Сузана Спасовска, група Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Александар Митевски заедно со Драган Спасов Дац, Кристина Арнаудова, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Таневски…  Сите настани започнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Свеченото отворање е на Три Круши во селото Драчево, а музички случувања ќе има и во паркот Шопен, како и во паркот Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.