Топола паднала на децко фудбалско игралиште

Вчера попладне на фудбалското игралиште на екипата на ФК „Превалец“ паднала топола. Инцидентот се случил околу 18.30 часот кога на теренот во велешката населба Превалец, тренирале фудбалерите на велешкиот третолигаш. Среќна околност е што паднала на половината од теренот каде не биле играчите.

„Редно време е да се исечат тополите додека не настрадал некој. На игралиштето си играат и деца од населбата. Има и куќи во околината, штетата можеше да биде и поголема“, велат жителите на Превалец.

Од Општина Велес објаснуваат дека тополите биле предвидени за сечење, но невремето вчера било побрзо од нив.

„Паднатото дрво и уште други три се обележани со црвена боја односно напишана е буквата с, што е знак дека  треба да се сечат. Ветерот вчера беше побрз од екипата на ЈКП ‘Дервен‘ кои треба да го извршат сечењето“, велат од Општина Велес.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.