Откриен нов цртеж на Леонардо да Винчи „Богородица во пештерата“

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во пештерата“, соопштија од Националната галерија во Лондон.

Експертите од Националната галерија во Лондон го анализирале делото и откриле дека Леонардо го започнувал, а потоа го оставал цртежот, пред да премине да го слика делото што предизвикува восхит со векови.

Откриени се почетни потези кои ги прикажуваат ангелот и бебето Исус на сликата, како и отпечатоците од уметникот или асистентот, пренесува Си-ен-ен.

Експертите од галеријата велат дека цртежот е откриен затоа што бил изработен од материјал што содржи цинк, видлив под Х-зраци, како и со помош на нови хиперспектрални снимки.

Галеријата ја најави изложбата „Леонардо: Искуство и ремек-дело“, која ќе биде отворена во ноември.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.