Најмногу преземавме апликации на „FACEBOOK“ во текот на изминатата деценија

Фејсбук е најзастапената апликација за корисници оваа деценија, според истражувањето на App Annie


Фејсбук, гигантот за социјални медиуми држи четири од петте најмногу преземени апликации, вклучувајќи ги Messenger, Whatsapp и Instagram. Петти е Снепчет, кој во 2013 година ја отфрли понудата на Фејсбук за купување во висина од 3 милијарди американски долари.
Други популарни апликации во изминатите десет години се Skype, TickTalk, UC Browser, YouTube и Twitter.

Составен е список и на апликации каде корисниците трошеле најмногу пари, каде што Нетфликс се наоѓа на прво место.
Втор е Тиндер, кој им продава претплата на „премија“ на корисниците за 9,99 долари месечно. Другите апликации каде што корисниците трошат многу се „Пандора“, „Спотифај“ и „ХБО ноу“.

Во светот на игри со мобилни телефони, „Candy Crush“ и „Pokemon go“ беа многу популарни, но сепак доминираше играта „Subway Surfers“, која беше прва на списокот со најмногу преземања во деценијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.