Од 2021 без најлоски кеси!

Примената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување предвидува најлонските ќесиња да се исфрлат од употреба, а биоразградливите кеси да се продаваат по 10 денари.

Одредбата ќе стапи на сила од 1 јануари 2021. Целта е промена на навиките, при што ќе дојде до покачување на цената за да граѓаните се стимулираат да носат друг вид на торби од дома и да не купуваат пластични кеси.

За две недели, односно од 1 јануари 2020 година сите државни институции веќе нема да можат да нарачуваат пластична амбалажа. Пластиката за еднократна употреба ќе се замени со стакло.

Податоците покажуваат дека годишно се употребуваат околу 150 милиони кеси или близу 2.000 тони пластика која најтешко се уништува.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.