Се ближат празници, ако работите, треба да добиете повисока дневница за 50 %

Се ближат празници, а она што ги интересира работниците е доколку работат на празник колку пари ќе им бидат исплатени.

Согласно Законот за празници, во случај работодавецот да наложи дел од работниците да бидат на работа, должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да исплати празнична дневница, повисока за 50 % од редовната дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола трудовиот инспекторат утврди дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавецот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Неработни денови следниот месец се 1-ви, 6-ти, 7-ми и 19-ти јануари.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.