Што гледаат по цели ноќи тинејџерите: Riverdale и Fuller House

Кои се најпознати и најгледани серии последниве години меѓу тинејџерите? Поради нив остануваат и по цела ноќ кога ќе излезат новите епизоди, а во дел од нив уживаат и заедно со родителите

Тоа се сериите: Riverdale, Fuller House, Stranger Things, The Big Bang Theory, The Flash, Lucifer, Friends, Grey’s Anatomy, Game of Thrones. Тинејџерите највеќе уживаат во серијата Riverdale, во неа се работи за град во кој има совршен живот, но оваа слика се затемнува по мистериозната смрт на студентот Џејсон. Еден од главните ликови, Арчи и неговите пријатели се обидуваат да ја откријат мистериозната смрт на Џејсон. Тие истражуваат и сакаат да ги состават исчезнатите парчиња од мозаикот, додека се занимаат со нивните лични проблеми.

Многу убава комична серија која е препорачлива и за тинејџери, но и за целата фамилија е Фулер Хаус. Во неа се  зборува за Cameron Bure, Jodie Sweetin и Andrea Barber се меѓу оригиналните членови на Фул Хаус.

Д.Ј. сега е вдовица и мајка на три сина, се наоѓа во детскиот дом заедно со нејзината сестра Стефани, која сака да биде музичар и нејзината доживотна пријателка Кими Гиблер, која, исто така, е самохрана мајка. Сите под еден покрив, жените доживуваат големи и мали моменти заедно и животни изненадувања.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.