Нова патарина на автопатот кон Грција

На автоаптот Демир Капија- Смоквица ќе има уште една патарина која ќе чини меѓу 60 до 80 денари. За помалку од два месеци се очекува да биде готва втората патарина на оваа делница од Коридорот 10. Ова го соопшти директорот на ЈП за државни патишта,  Зоран Китанов. Засега на делницата Демир Капија –Смоквица функционира  само една патарина воведена од август оваа година, а таа чини 100 денари. Китанов исто така најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.