
Ви текнува на сценаријата на приказните од детството? Девојката или момчето се мачи со некаков огромен проблем, а мудрата старица ги советува: “Легни си сине, не се думај премногу, зошто утрото е поумно од вечерта”. Овој совет добива и своја научна поткрепа…
Имено, едно истражување открива дека мозокот во текот на ноќта ги обработува дневните дилеми и затоа честопати се случува утрото да се разбудиме со решение за некој проблем што претходниот ден ни создавал главоболки и ни наликувал на тешко решлив.
Научниците откриле дека сонувањето, односно РЕМ-фазата на спиење, е од клучно значење за справување со внатрешниот немир и со дилемите. Повеќе научни истражувања откриваат дека нашиот мозок ги обработува емоционалните искуства од претходниот ден во текот на сонот, ги реорганизира сеќавањата и ги зацврстува сеќавањата.
Во РЕМ-фазата на спиење нашите сеќавања повторно се активираат, се ставаат во перспектива, се поврзуваат и интегрираат, но во состојба во која стресните неврохемикалии благотворно се потиснати.
Повеќе во списанието Емитер: https://emiter.com.mk/vesti/18623
Leave a Reply