ФИТР објави нов јавен повик за стартап-компании од 1,5 милиони евра

Фондот за иновации и технолошки развој објави нов јавен повик за стартап-компании

Презентацијата на инструментот на ФИТР, кој е наменет за финансиска поддршка на фирми не постари од 6 години, како и критериумите и условите за аплицирање, се одржа во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Фокусот на оваа мерка поддржана од Светската банка се младите, а целта на инструментот е поттикнување на истражувачките и развојните процеси на нови бизниси.

Вкупниот буџет на овој јавен повик е зголемен и сега изнесува 1,5 милион евра. Максималната сума што може да биде доделена од страна на ФИТР е во висина од 30.000 евра, што претставува 85 отсто од вкупната вредност на проектот. Преостанатите 15 проценти треба да ги обезбеди апликантот.

Јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани стартап и спиноф-компании на Фонд за иновации и технолошки развој е објавен денес (25.12.2019 год) и ќе трае до 15.2.2020 год.

Детали за овој јавен повик на ФИТР може да се најдат на следниот линк: fitr.mk/startapuvaj-2.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.