Моќен домашен лаксатив кој веднаш ги решава стомачните проблеми

Оваа вкусна комбинација ќе ви помоне брзо и ефикасно да ги прочистите вашите црева од наталожените токсини и остатоци од храна. Само 2 состојки ве делат од моќниот резултат

Домашен лаксатив за ефикасно и брзо отстранување на стомачните проблеми. Потребни состојки: 150 гр урми (1 шолја); 150 гр суви сливи (1 шолја) и 5 шолји врела вода.

Начин на подготовка

Исечете и истолчете ги урмите и сувите сливи на мали парчиња. Потоа и двете состојки додадете ги во врела вода и поставете ја смесата да се вари на слаб оган. Гответе до добивање на густа смеса.

Доколку правилно го приготвите лаксативот, ќе добиете 20 супени лажици еден вид на слатко, кое е соодветно за употреба и за возрасните и за децата.

Начин на употреба

Еден од начините да го употребите домашното слатко со лаксативни својства, е да го додадете во вашите оброци со кисело млеко, зрнести видови на храна или да го консумирате со леб. Или пак, доколку претпочитате, едноставно може и да го консумирате без да го комбинирате со друга храна.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.