Најстилски дами за 2019

Најмоќната жена во модната индустрија, уредничката на магазинот Вог, ги одбра петте најдобро облечени жени за 2019 година

Најкоментираната дама изминатите неколку години во светот ја доби титулата најдобро облечена жена за 2019 година, некако очекувано првото место и припадна на Војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Според Ана Винтур, таа е најмодерна личност од кралското семејство.

Второто место и припадна на топ моделот Наоми Кембл, според уредничката на Вог со годините нејзиниот стил станувал се подобар, а оваа 2019 година, дефинитивно било нејзино време да светне во полн сјај.

Трета на листата најдобро облечени дами за 2019 според најмоќната жена во модната индустрија е Ријана, која според неа е пример за беспрекорно облечена личност.

На четвртото место, за најдобро облечена жена според Винтур е Лејди Гага. Пејачка која во изминатите години често ја оставаше без зборови публиката со своите необични и откачени аутфити.

На оваа почесна листа, на петото место Винтур ја одбра ќерката на Лени Кравитц, Зои Кравитц, која имала необични модни избори во годината што изминува.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.