Банско и Пампорова за празниците преполни со гости

Бугарските зимски одморалишта  се подготвуваат да ги пречекаат туристите за Нова година. Во Банско, речиси сите сместувачки капацитети се резервирани, а има и понуда за во последен момент.

Македонци, Бугарите, Романци, Грци, Турци уште пред неколку месеци резервирале новогодишните празници да ги поминат во овие две зимски одморалишта.

“Тридневен престој за едно семејство со две деца во хотел чини од 1000 евра па нагоре. Има мала разлика, во зависност од тоа дали е сместување во двокреветна соба, во стан или во студио. Хотелите се апсолутно полни“, велат од хотелите. Таверните се многубројни, така што секогаш ќе најдете место доколку сакате да славите надвор од  хотелот. Банско е познат по своите таверни и вкусната храна што ја нудат.  Падините  исто така се подготвени за сезоната, работат вештачките снежни пиштоли. Капацитетот на хотелите во Пампорово се исто така исполнети. Празничните пакети за скијање се движат од 50 до 100 евра, а дневната лифт картичка е 30 евра. .Во Пампорово повеќе од 6000 луѓе ќе ги прослават празниците. Тридневен пакет за одмор во хотел со пет вездички  околу 250  евра по човек.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.