Најбогатите уште побогати

Околу 500 најбогати луѓе во светот вклучени во индексот на милијардиери на Блумберг го зголемиле богатството за уште 1,2 илјади милијарди долари, при што целокупниот биланс им порасна за 25% на 5,9 илјада милијарди долари, пренесува Блумберг.

Податоците веројатно ќе предизвикаат уште пожестока дебата во наредниот период за зголемувањто на богатството  и нееднаквостите во приходите. Во САД најбогатите, кои се околу 0,1% го контролираат најголемиот удел од 1929 година, поради што некои политичари бараат повик за радикално реструктуирање на економијата. Францускиот бизнисмен Бернард Арно во 2019 најмногу го зголемил богатството  36,5 милијарди долари. Тој се искачи на третото место според  Индексот на Блумберг и стана едно од само трите лица во светот со чиста вредност од најмалку 100 милијарди долари.

Само 52 лица во 2019 година регистрираа пад на своето богатство. Џеф Безос изгуби речиси  9 милијарди долари, но падот се должи на разводот со неговата сопруга Мекензиј Безос. Сепак, шефот на Amazon.com ја завршува годината како најбогата личност во светот откако акциите на компанијата пораснаа минатата недела. Таа објави рекордна празнична сезона со испратени милијарди производи и десетици милиони уреди што се продаваат на Амазон како „Ехо точка“. 

Меѓу оние што го зголемиле богатството е извршен директор на Фејсбук Марк Закерберг кој е побогат за 27,3 милијарди долари, ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс  за 22,7 милијарди долари . Основачот на најголемата кинеска компанија за извоз на климатизација, Ху Ксијангзијан, оствари најдобро со раст на богатството од 79%, на 23,3 милијарди долари. 

Најбогатите луѓе во Русија додадоа 51 милијарди долари на нивните конта  што претставува зголемување од 21 процент во услови на пораст на имотот во земјата во 2019 година – од валута до акции и обврзници. Една година порано, тие пријавија големи загуби.

 Меѓу губитниците  и оваа година е Руперт Мардок, чие лично богатство се намалило за околу 10 милијарди американски долари, откако дел од приходите подели на неговите шест деца, правејќи ги милијардери.

Годината вклучуваше многу скандалозни детали за милјардерите таков беше случајот  разводот на семејството Безос и сагата на Џефри Епштајн, по апсењето на милијардерот педофил во април, кој потоа си го одзеде животот во затвор. Во целина, сепак, банкарските сметки на најбогатите луѓе во светот останаа стабилни благодарение на берзанската евиденција во декември по ублажување на трговските тензии меѓу САД и Кина, решавање на политичкиот ќор-сокак во Велика Британија и силни податоци за потреба од нови работни места.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.