Неработни денови во 2020

Од десетте неработни денови за сите граѓани, шест се поврзуваат со викендот и толку продолжени викенди ќе имаме во 2020

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 20 април, понеделник.

Сепак, граѓаните од православна вероисповед, првиот продолжен викенд ќе го имаат за време на Божик бидејќи за нив, освен 7 jануари (вторник), неработен е и 6 jануари (понеделник).

Продолжен викенд ќе има за 1 Мај, Денот на трудот, кој е в недела, поради што се префрла в понеделник, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд.

Неработниот ден за 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е в петок, a истиот ден е неработен и поради празникот Рамазан бајрам.

Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в недела, поради што неработниот ден се префрла в понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е в недела и се префрла в понеделник. Продолжен викенд ќе има и за 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е в петок.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (среда), Денот на независноста – 8 Септември (вторник) и 8 Декември – Свети Климент Охридски (вторник).

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и Бадник, 6 јануари, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (недела), 17 април Велипеток, пред празникот Велигден, и 5 јуни (петок) за Духовден. Неработен ден за нив е и 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – недела, Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 31 јули (петок) – Курбан бајрам.

Програма на неработни денови за 2020 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани:
• 1 јануари (среда), Нова година,
• 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот,
• 24 мај (недела), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден,
• 24 мај (мај), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, односно 25 мај (понеделник) е
неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед:
• 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
• 17 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:
• 31 јули (петок), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
• 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.