Млади лекари нема, пациентите ги лечат пензионери

Надвор од големите градови во Хрватска пациентите се почесто ги лечат пензионери

Во помалите места во Хрватска нема млади лекари, а за да не ги остават жителите без лекарска заштита докторите што треба да заминат во пензија прифаќаат да продолжат со работа. Просечната старост на лекарите во Хрватска е 55 години,  а во помалите места повисока. Според евиденцијата на Лекарската комора во Хрватска, во изминатите две години бројот на лекари е намален за 25 % поради нивно заминување во странство. „Минатата година околу 20 студенти беа на пракса во мојата ординација, ниту еден од нив не изрази желба да остане во примарната здравствена заштита. Најголемиот дел од нив размислуваа да заминат во странство или да продолжат на специјализација, што е загриживувачки тренд, бидејќи многу брзо Хрватска ќе има големи проблеми со првата линија на здравствениот фронt“, вели семејна лекарка од Вировитица. Во јавното здравство платите се мали за разлика од платите во европските држави каде што се нудат не само повисоки плати туку и работа за сопругот, сопругата, за децата градинка, се плаќаат дури и трошоците за селење.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.