Совети за здрава исхрана

Нутриционистите често истакнуваат дека во текот на денот треба да имаме три главни оброка и две ужини. Идеално е дневно да консумираме половина килограм овошје и половина килограм зеленчук

Најдобро е овошјето да се јаде свежо, како ужина. Ако сакате да го консумирате во рамките на оброк, нутриционистите советуваат да го изедете половина час пред преостанатата храна.

Зеленчукот е најдобро да се консумира во вид на салата (свеж) или обарен.

Се советува да се консумираат две коцки црно чоколадо на ден, а доколку сте под голем стрес, дозволено е и топло какао пред спиење. Добар избор се и соковите од цедено овошје што сами ги приготвуваме, без додавање дополнителни шеќери.

Брзата храна никогаш не е добар избор – заменете ја со готвено јадење, особено на пареа,или печено во рерна. Понекогаш можеме да уживаме и во храна приготвена на електрична скара. Најдобар избор е посното месо, а двапати неделно не е лошо на менито да се најде риба.

Ужината може да се состои од јаткасти плодови. Тие се корисни бидејќи содржат мононезаситени масти, влакна и важни минерали и витамини. Но треба да бидете внимателни – многу се калорични, па доволно е да се земат неколку плода, односно еден грст.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.