Алхемијата на Библиотеката Аби

Ако патувате во Австрија не пропуштајте да ја посетите една од најубавите библиотеки во светот, манастирската билблиотека Аби во шармантното мало гратче Адмонт

Од две причини треба да се посети гратчето Адмонт во Австрија. Првата е неверојатната природа, а втората – библиотеката Аби, изградена во 1776 година, како дело на барокниот архитект Јозеф Хуебер, сместена во манастирот Адмонт.

Самиот манастир е изграден во 1074 година, а библиотеката е додадена подоцна по нарачка на игуменот Матеус Офнер.

Библиотеката е спасена од големиот пожар што го зафатил манастирот во 1865 година, предизвикувајќи големи штети, кои денес се речиси целосно реставрирани.

Од вкупно 200.000 книги што се чуваат во манастирот, 70.000 се изложени во библиотеката, од кои 1.400 се ракописи со висока вредност (датираат од 8. век) и 530 се инкунабули (книги од времето на пронаоѓањето на печатарската вештина до почетокот на 16. век).

Денес манастирот Адмонт, каде живеат 27 монаси, е центар на верата и културата од меѓународно значење.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.