Скадинавските земји најдобри за подигање на новите генерации

На листата на земји најдобри за растење на децата се скандинавските држави, на првата позиција е Данска, Шведска е на второто место а Норвешка е трета на листата

Данска е најдобра поради „бесплатната здравствена заштита и образование и поради „дарежлива политика за породилно и татковско отсуство“. Шведска и Норвешка се пофалени како држави пријателски ориентирани кон семејството, како држави кои имаат многу програми за социјална помош и низок степен на криминал.

Во топ десетте најдобри земји за растење на деца се и Канада, Холандија, Швајцарија, Нов Зеленд, на деветтото и десеттото место се Австралија и Австрија.

На листата има само 73 држави меѓу кои не е Македонија. Од нашиот регион најдобри земји за растење и образование на деца се Хрватска на 24 и Словенија на 31 место.

Според листата објавена од „Дејли Маил“ најлоша држава за растење на децата е Казахстан.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.