Германија ги отвора вратите за работа од март

Новиот закон од март годинава ќе го олесни влезот на квалификуваните работници кои доаѓаат надвор од Европската унија. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има големи потреби од нив

Највисоки плати во Германија имаат поискусните доктори, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто. По нив се професионалните стручни лица за продажба или аквизиција со заработка од 99.635 евра, па директори на фондови со 83.640 и лекари специјалисти со 80.720 евра годишно. Меѓу најплатените се наоѓаат и финансиско-сметководните менаџери, како и регионалните менаџери за продажба.

Меѓу најслабо платените се работниците во кујна, чија годишна бруто плата изнесува 21.907 евра, по нив следуваат фризерите со 23.202 евра, келнерите со 23.620, работници во кол центри со 25.200 и рецепционери, со годишна заработка од 25.370 евра. Исто така, меѓу најслабо платените се наоѓаат и работниците во благајни, стоматолошки асистенти, негувателки и шофери.

Минималната плата по час изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра).

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.