„Мали хумани иновации“ – изложба на студентите од Машински факултет

Во просториите на Младински Културен Центар се отвори сезоната на славење Роденден (на уметноста). Според најавената програма можеше да се претпостави дека оваа година изложбата ќе биде прекрасна

Од целокупната палета на одржани настани, голема посетеност и значителен печат остави изложбата насловена „Мали хумани иновации“  на студентите од Машинскиот факултет во Скопје, од насоката Индустриски дизајн. На настанот беа изложени одбрани творби, во кои може да се препознаат нови индустриски производи каде што главни карактеристики се ергономијата, возбудливите форми кои се адаптабилни на новиот и модерен стил,  функционалноста, а воедно и економичноста.

Покрај воодушевеноста, која можеше да се забележи кај сите присутни на изложбата, уште поинтересно беше да се слушне и за самиот процес и инспирација, како и пречките и предизвиците со кои се соочиле младите креативни автори во процесот на конструирање и дизајнирање на делата. Главна инспирација играле елементите од природата, а голем придонес имал  оптимизмот на младите студенти во врска со креативно трансформирање на проблемите од сегашноста во можности за подобра иднина.

Во рачно изработените композиции од материјали, најприсутно беше дрвото како обновлив материјал и металот кој е рециклабилен. За остварување на крајниот производ  на студентите им користеле различни изразни средства, како цртежи, макети, компјутерски модели, материјали и изработка на функционални прототипови, нумерички управувани машини, ласерски техники итн.

Проектите се развиени и изработени во рамките на наставата по соодветните предмети, а заслужни за мотивацијата и совладувањето на техниките за изработка се професорките д-р Софија Сидоренко и д-р Татјана Кандикјан. За остварување на настанот одговорен беше м-р Дејан Ивановски, архитект, доцент на Европскиот факултет во Скопје. Во негови раце лежеше селекцијата на делата кои беа изложени, организацијата на фотографиите и подлогите во просторот. Заслужен за фотографиите со врвен квалитет е професионалецот Васе Аманито.

Просторот беше уреден од раководството на МКЦ, а ова беше прва исложба што се оранизираше во оваа галерија. Модерниот индустриски дизајн кој е феноменален и доволно простран беше одличен за разгледување на експонатите, а истовремено доволно интимен за дружење на публиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.