Заработка на „Амазон“ од 13,2 милијарди долари за 15 минути

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е најбогатиот човек на сите времиња, пред некој ден заработил 13,2 милијарди долари за 15 минути 

Големата заработка е благодарение на поскапувањето на акциите на неговата компанија за 12 отсто. Порастот на акциите е резултат на успешниот квартален извештај на компанијата, кој аналитичарите не го очекувале. Само во последните три месеци од 2019 година компанијата „Амазон“ го зголемила својот профит за 8 отсто.

Компанијата на Џеф Безос има 798.000 постојано вработени низ светот, а неговото богатството се проценува на околу 130 милијарди.

Безос вели дека моментално имаат повеќе од 150 милиони претплатници на „Прајм“ и дека „Амазон“ отскокнал од првобитната идеја. Сакале да се занимаваат со онлајн-трговија, но сега се најголемата сила на облак-технологијата. „Амазон Прајм“ е еден од најголемите стриминг-сервиси за видео, а музичкиот стриминг-сервис на Безос привлече повеќе од 55 милиони претплатници.

Мекензи Безос, неговата поранешна жена, исто така, има причини за славење бидејќи сега се најде на 24. место на листата со најбогати луѓе во светот, со заработка од 31,1 милијарди долари.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.