Стажот до пензија ќе може да се откупи со 1400 денари месечно

Со новите законски измени сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Согласно податоците на Фондот за пензиското и инвалиското осигурување околу 60 илјади лица чекале на оваа можност

Лицата кои наполниле 65 години а немаат 15 работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Од Пензискиот фонд информираат дека оваа можност ја чекале околу 60 илјади лица. За еден месец сумата за откупување стаж е 1400 денари.

Директорот на Пензискиот фонд, Шаип Зенели вели дека на повеќето граѓани им фали стаж од неколку месеци, но дека има и такви на кои им фалат 3 или повеќе години. Доколку некој има 14 години работа и 14 години стаж, му фали една година, за таа една година тој бил вработен, но од страна на правниот субјект не му е платен стажот. Доколку таа фирма не постои или е во стечај, или е одјавена во целост во централен регистер, тоа лице таа една година може да ја плати и да го искористи правото на пензија.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.