Во Шпанија нови 5.000 заразени

Во Шпанија за само 24 часа се регистрирани нови 5 илјади заразени со коронавирусот, што после Италија и Кина ја прави оваа земја трета најпогодена во светот

Во Шпанија вкупниот број на заразени од вирусот КОВИД 19 се искачи на 24.926 лица, а бројот на смртни случаи изнесува 1.326.

Повеќе од 1.600 пациенти се наоѓаат на интензивна нега, а властите признаваат дека тој број е границата и дека повеќе нема слободни места во одделенијата за интензивна нега.

Главниот град Мадрид е најтешко погоден со речиси 9 илјади случаи на заболени од коронавирус.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.