Најтргувани акциите на Комерцијална Банка, Гранит и Макпетрол

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за мај 2020 година вкупниот промет изнесувал 476.045.890 денари и е намален за 36.99 отсто во однос на претходниот месец

Класичното тргување изнесувало 428.308.574 денари и е намалено во однос на април за 34,31 отсто кога изнесувало 651.991.389 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 304.997.127 денари и обврзници во вредност од 123.311.447 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална Банка АД Скопје, а следат Гранит АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

Блок трансакциите за мај изнесувале 47.737.316 денари и се зголемени за 60,88 отсто во однос на април. Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.435 и е намален за 46.72 отсто во однос на април кога изнесувал 2.695.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.