Во светот се заразени речиси 7 милиони луѓе со КОВИД 19, во Македонија околу 3.000 лица

Според последните податоци, во светот досега има 6.889.223 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 399.117,  а оздравеле 3. 276.057 лица

Според информациите на Министерството за здравство, објавени на 06.06.2020 година, направени се 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

И тоа, најмногу во Скопје 46 лица, потоа Куманово 19, Штип 17, Тетово 16, Струга 7, Гостивар 6, Охрид 5, Велес 3 лица, потоа, Неготино 2, додека во Прилеп, Битола, Кочани и Делчево со по еден новозаболен од коронавирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2 915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Босна и Херцеговина потврди уште 25 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 23 се во Република Српска и два во Федерацијата на БиХ. Од почетокот на пандемијата во БиХ, 2.631 луѓе се заразени со вирусот на корона, а 159 лица починаа.

Во последните 24 часа во Србија едно лице почина од Ковид-19, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.  Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 248. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.124 лица биле тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 74 лица.

Во Албанија се регистрирани 20 ново заразени со Ковид-19, 15 закрепнети и едно починато лице. Од почетокот на пандемијата во оваа земја се извршени  18.097 тестови, 1.232 се позитивни за вирусот. Од вкупниот број закрепнати се 925.

Во последните 24 часа нема нови случаи на коронавирус во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. На Клиниката за заразни болести „Фран Михалевиќ“ починала една жена која била на респиратор. Тестирани се вкупно 68.514 лица, од кои 247 во последните 24 часа.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.