Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно” едноставен, без апликација

Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација од страна на граѓаните. Издавањето ќе биде од 3 јули со рок на искористување до 31 јули, соопшти претседателот на партиската Комисија за економија на СДСМ Кирил Колемишевски

Картичката може да се искористи во ресторани, кафетерии, зелени пазари, аптеки, онлајн продавници, односно на сите оние места каде има безготовинско плаќање, но со неа ќе може да се купуваат само македоски производи и услуги.

Во моментот се спроведува третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници. Напомена дека невработените, активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош ќе добијат помош од 9.000 денари, вработените лица кои имаат месечни примања помали од 15 илјади денари ќе добијат по 3.000 денари, а исто така и младите лица од 16 – 29 години.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.