Светска банка: КОВИД 19 ќе има голем удар врз економијата, а опоравувањето ќе трае 10 години

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас смета дека КОВИД 19 ќе има голем удар врз светската економија, а опоравувањето ќе трае 10 години

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас смета дека 60 милиони луѓе поради пандемијата би можеле да завршат во екстремна сиромаштија. Светска банка смета дека во екстремна сиромаштија живеат луѓе кои можат да потрошат помалку од 1,9 долари на ден.

Во интервју за Би би Си, Малпас вели дека директни последици од пандемијата се губењето на приходи, но дека и здравствените и социјалните последици ќе бидат големи.

Тој смета дека луѓето кои најмалку можат да си дозволат, најмногу страдаат. Побара од банките и фондовите да им помогнат на сиромашните земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.