СЗО препорача носење маски

Долго време откако повеќето нации ги повикаа своите граѓани да носат маски и откако неколку месеци изразуваше загриженост дека нема квалитетни докази дека тие се корисни, Светската здравствена организација ја одобри употребата на маски за лице од страна на јавноста за да се намали преносот на коронавирусот

СЗО ја прошири својата листа на препораки со носење маска во јавноста за време на пандемијата на коронавирусот. Сега таа советува дека во областите каде што се шири вирусот, луѓето треба да носат платнени маски кога не е можно социјално растојание, како на пример во јавниот превоз и во продавниците.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека луѓето над 60 години или оние со веќе постојни болести исто така треба да носат маски во ситуации кога не може да се одржи социјалното растојание.

СЗО претходно препорачуваше само здравствените работници, лицата со ковид-19 и нивните негуватели да носат медицински маски, како причина наведувајќи го глобалниот недостиг од залихи.

За време на брифингот за новинарите на кој се дискутираше за сменетото упатство, Тедрос додаде дека „самите маски нема да ве заштитат од ковид-19“ и ја истакна важноста на миењето раце, социјалното дистанцирање и другите стратегии за спречување на заразата.

Ејприл Балер, експертка на СЗО за контрола на инфекции, рече дека типот на маски препорачани за пошироката јавност се прекривки од ткаенина или платно што може да се направат дома. Таа рече дека дел од причината за додавањето на маските за лице во препораките на СЗО се зголемените докази дека ковид-19 може да го шират луѓето и пред да имаат симптоми.

СЗО претходно рече дека не се верува дека пренесувањето од луѓе што немаат симптоми е голем двигател на пандемијата на вирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.