Банките ќе почнат да ги делат наполнетите карички

Трите најголеми банки ќе издадат околу 85 проценти од сите картички и тие се навистина добро организирани. Издавањето ќе започне од утре, клиентите се информираат и им стигаат СМС-пораки од банките, а најдоцниот рок за издавање е 18 јули

Договори за издавање на домашната платежна картичка потпишаа НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Комерцијална банка, Халк банка, Шпаркасе банка, Охридска банка, УНИ банка, Централна кооперативна банка и Силк роуд банка. Тие изработуваат картички за вкупно 324.479 корисници.

На 115.927 приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување до 22 минатиот месец, со остварен нето-доход до 180.000 денари лани и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април годинава, им следуваат картички со 9.000 денари.

Картичка со 3.000 денари добиваат 117.144 вработени со низок доход кои за периодот јануари- април оваа година оствариле приходи само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари.

Домашна картичка со 3.000 денари исто така добиваат и 87.014 млади со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, кои се активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Здравствените работници директно вклучени во борбата со ковид 19 на домашните платежни картички ќе добијат по 40 проценти од последната основна нето-плата. Според евиденцијата на Министерството за здравство вакви платежни картички треба да добијат 4394 здравствени работници.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.