Приговори од граѓани кои не добиле платежни картички

За еден ден 20.000 пораки стигнале на електронската адреса на Владата со приговори од граѓани кои не добиле платежни картички  и прашања за нивно користење. Министерката за финасии Нина Ангеловска призна дека има проблем во однос на постапката на делење на платежните картички за средношколци, студенти и граѓани, но тоа било бидејќи станува збор за обемен проект. Таа изјави дека сите недостатоци ќе бидат поправени.

Платежни картички ќе добијат околу 324.500 граѓани, постапката за дистрибуција започна од вчера, и ќе трае заклучно до 18 јули, а картичките ќе може да се користат до 15 август.

Корисниците може да се најдат на листата на сајтот kupuvamdomasno.gov.mk.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.