Амазон воведе едногодишен мораториум за употреба на софтвер за препознавање во полицијата

Амазон објави дека воведува едногодишен мораториум за употреба на софтвер за препознавање во полицијата, a ИБМ објави дека веќе не им го продава својот софтвер на полицијата, велејќи дека технологијата не треба да промовира расна неправда

Мајкрософт соопшти дека долго време работи на изготвување на принципи и закони за користење на софтверот и дека во моментов не ја продаваат нивната технологија за препознавање лице на американската полиција и нема да го продат додека не се донесе закон заснован на човековите права.

Истражувањата покажуваат дека идентификацијата со употреба на систем за препознавање на лица е често несигурен кога се применува кај луѓе со потемна кожа, па активистите се загрижени дека неточните резултати би можеле да доведат до неправедни апсења.

Додека Конгресот со месеци расправа за тоа како да се реши проблемот, полицијата во меѓувреме користи технологии од други компании, како што е ИДЕМИА.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.