Вештачката интелигенција надоаѓа

Во последните 10 години, бројот на научни истражувања што се занимаваат со вештачка интелигенција се зголеми за дури 20 пати. 

Вештачката интелигенција има свои добри и лоши периоди, поточно развојот на вештачката интелигенција досега имала три златни периоди, а ние моментално живееме во третиот. Целиот златен период на вештачката интелигенција, е исполнет со наглиот развој на алгоритмите и методите, големи вложувања во таа област, решавањето на предизвиците за огромна дата база на податоци, зголемување на компјутерските капацитети и специјализираните компјутерски опреми, голем број на истражувања и големо внимание на медиумите и популарните култури.

Технолошкиот напредок отвори и нови работни места, на пример – community менаџер, кој стана неопходен за сите социјални мрежи за многу кратко време. Тука се e-спортистите, инфлуенсерите од сите можни видови, кои на различните социјални платформи, своите профили или видео канали полни со содржина, од што заработуваат поради големиот број на корисници на социјалните мрежи што ја прегледуваат содржината. Да не ја спомнуваме експлозијата со работни места во целиот ИТ сектор, оти целата оваа технологија мора некој да ја одржува и да ја подобрува.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.