„Мојот живот е Швајцарија“ – рај во светот за професионалци и квалификувани работници

Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот за привлекување и негување квалификувани работници, дури и во услови на пандемија. Швајцарија ја задржува позицијата веќе четири години, и ги победува соседите, вклучувајќи ги Данска, Луксембург, Исланд и Шведска, обезбедувајќи го првото место на Светското рангирање на таленти за 2020

Швајцарија беше пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокус на стажирање, како и за можноста да привлече странски професионалци со висок животен стандард и силни пакети за плати. Во меѓувреме, Данска се претстави добро со нејзиниот акцент на еднакви можности во општеството, додека Луксембург се истакна со постојаните инвестиции во работната сила во последните неколку години.

Ова се првите 10 земји: 1. Швајцарија 2. Данска 3. Луксембург 4. Исланд 5. Шведска 6. Австрија 7. Норвешка 8. Канада 9. Сингапур
10. Холандија

Од другите држави, САД се најдоа на 15. место, зад Германија која е на 11. место, Австралија го освои 13. место, Хонг Конг 14. место, Ирска 18. место, Тајван 20. место, а Британија 23. место. На дното се најдоа: Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија ги освоија последните две места.

Годишното рангирање на Ај-ем-ди се обидува да обезбеди слика на талентите на водечките економии, а со тоа и нивната глобална конкурентност. Тоа го прави со помош на спој од податоци и истражувања за мерење на пазарите. Економиите се проценуваат според три клучни критериуми: инвестиции и развој, категорија што разгледува како една земја го негува домашниот талент; апел, категорија што проценува до кој степен економијата го задржува домашниот талент и привлекува меѓународен талент; и подготвеност, категорија што го мери квалитетот на достапните вештини и компетенции. Како и претходните години, и ова најново истражување беше спроведено помеѓу јануари и април, и како такво, не дава целосна слика за влијанието на пандемијата.

Индонезија, која се најде на 45. место, и Малезија, која е 23. на оваа листа, оваа година имаат полош перформанс, а тоа се должи на одливот на мозоци и намалената можност за привлекување странски висококвалификувани работници и меѓународни менаџери.

Во меѓувреме, и други земји што во голема мера се потпираат на странски таленти, како Сингапур, Австралија, САД и Велика Британија, исто така можат да го видат негативното влијание од неодамнешните ограничувања на границите.

Извор: CNBC

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.